Објавено на:

Штајнмајер вети непоколеблива поддршка за Израел од Германија

t

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вети непоколеблива поддршка на Германија за Израел во неговата војна во Газа за време на заедничката прес-конференција со израелскиот претседател Ицак Херцог во Ерусалим, јави ДПА.

„Се солидаризираме со Израел“, рече Штајнмаер. „Тоа не е само со Израел како жртва на тероризмот. Нашата солидарност е и со Израел, кој се брани, кој се бори против егзистенцијална закана“.

Штајнмаер ја даде изјавата по зголемените критики за однесувањето на Израел во Појасот Газа, во кое загинаа илјадници цивили, јави ДПА.

Шефот на германската држава изјави и дека е неопходно да се заштитат цивилите во Појасот Газа и да се обезбедат основните животни потреби. „Ова го бара меѓународното хуманитарно право. Затоа е добро што договорениот прекин на огнот сега се користи за таа цел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…