Штипска апелација ќе остане без судии, Судскиот совет итно ќе распише оглас

t

Во Апелацискиот суд во Штип има недостиг на судии, моментно таму работат осум судии, а до крајот на годината заради пензионирање ќе заминат четворица, заради што Судскиот совет, кој веќе има распишан оглас за избор на двајца судии, итно, на следната седница ќе распише оглас за избор на уште двајца. Оваа одлука за итен оглас за избор на двајца судии следува по извештајот од работната посета на Апелација Штип, што Судскиот совет ја извдршил на барање на в.д. претстедателот на Судот кој сакал да го информира Советот за лошата кадровска ситуација.

Инаку, според одлука на Судскиот совет, во Апелацискиот суд во Штип треба да работат 16 судии сосе претседателот на судот.

Известителот од работната посета, членот на Судскиот совет Селим Адеми извести дека при работната посета направиле увид во 16 предмети кои биле уредно и навреме завршени. В.д. претседателот на судот ги известил дека наскоро во пензија ќе заминат двајца, а до крајот на годината уште двајца судии и заради нивното пензионирање ќе се јави поотреба од нови судии што ќе ги работат предметите од граѓанска материја, кои се во поголем обем од кривичните предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација го пушти Незири на слобода

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста,…

Избрани нови судии во скопска Апелација

Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и…

Гордана Јанкуловска излегува на слобода

Апелациониот суд Скопје ѝ ја уважи жалбата…

Не е само нашето судство: Свирепо ја…

Апелациониот суд во Белград му го укина…

Орце Камчев излегува од притвор, ќе се…

Орце Камчев излегува на слобода по 10-месечен…