Штрајкот продолжува: Основните и средни училишта остануваат празни, градинките функционираат нормално

Во средните и основни училишта во државава и понатаму не се одвива настава поради штрајкот на членството на СОНК. Во меѓувреме, штрајкот во градинките е ставен во мирување и воспитно-згрижувачкиот процес се одвива редовно.
Штрајкот во основното и средното образование и градинките почна на 11 април. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти веднаш за усогласување на останатите со минималната плата.
Во понеделникот раководството на СОНК и Владата постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, но завчера овој предлог беше одбиен на седница на Советот на СОНК.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски откако објави дека членството не го прифатило предлогот од Владата за зголемување на платите за 12 проценти, информираше и дека Синдикатот во знак на незадоволство од резултатите на преговорите одлучил да организира голем масовен протест пред Владата на 4 мај.
Од друга страна, СОНК одлучи градинките да продолжат со редовно работење, па од вчера воспитно-згрижувачкиот процес во градинките се одвива редовно. Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека на работните места и извршувањето на работните задачи се вратиле вработените во градинките кои претходно беа приклучени на штрајкот.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени над сто лица во Иран осомничени…
Во Иран се уапсени над сто лица,…
Конечно мирен ден: Училиштата без дојави за…
За првпат по 6 месеци речиси секојдневни…
Сите дојави за бомби во скопските училишта…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
Со европски пари 25 училишта во Македонија…
Министерството за образование и наука ќе ја…
И денешните дојави за бомби во 20…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…