Ѓоковиќ беше во нокдаун, ама се извлече и стигна до третото коло

t

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло од Австралија Опен откако денеска славеше со 3-1 во дуелот со домашниот тенисер Алексеј Попирин.

Мечот траеше нешто помалку од оној на Србинот во првото коло, Ноле на теренот помина три часа и 12 минути, но успеа да го скрши отпорот на жилавиот ривал. Клучен се покажа третиот сет во кој Ѓоковиќ спаси четири сет-топки бидејќи на свој сервис, при резултат 4-5, имаше 0-40 и потоа предност за Попирин. Откако го преброди тој гем, во тај-брејк дојде до водство од 2-1 и потоа во четвртиот сет лесно го скрши отпорот на противникот.

Во третото коло, Ѓоковиќ ќе игра против аргентинскиот тенисер Ечевери кој денеска беше подобар од Монфилс со 3-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…