Ѓоковиќ го освои стотиот трофеј

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, го освои својот 100-ти јубилеен трофеј победувајќи го Хуберт Хуркач со 2-1 во финалето на турнирот во Женева, во сетови 5-7, 7-6, 7-6.
Ѓоковиќ ја пропушти претходната шанса да постигне голема цел во Мајами, губејќи во финалето од Чехот Јакуб Меншик, но беше на висина на задачата во Швајцарија и им се придружи на Американецот Џими Конорс (109) и Швајцарецот Роџер Федерер (103) во клубот на играчи со троцифрен број титули.
Од стоте титули на Ѓоковиќ, 24 се највредни од Гренд слем турнири, 40 се од Мастерс, а седум се од финалните турнири во сезоната. Минатата година, Ѓоковиќ освои злато и на Олимписките игри во Париз, со што триумфираше барем еднаш на секој можен турнир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…