„Ѓоковиќ избра тактика против Алкараз која се покажа како самоубиство!“
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно загуби од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, и тоа во три сета со 2-6, 2-6 и 6-7.
Ѓоковиќ пред еден месец имаше незгодна операција, па не се очекуваше ниту да настапи на Вимблдон, но Србинот собра сила и стигна до финалето.
Настапот на Ѓоковиќ во финалето против Алкараз го искоментира и чичкото на Рафаел Надал, кој ја нарече тактиката на Србинот – самоубиство.
„Технички е многу тешко да најдете слабости кај најбрзиот играч кој сум го видел. Него можат да го победат само најкомплетните тенисери. Го надмина Ѓоковиќ во брзина, Алкараз беше супериорен. Новак избра тактика која се покажа како самоубиство“, кажа Надал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…
НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…
Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…
СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…