Објавено на:

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи во последните неколку години

t

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по елиминацијата од Мастерсот во Синсинати изјави дека има здравствен проблем што го мачи во последните неколку години.

Ѓоковиќ загуби од Тијаго Агустин Тиранте во второто коло со резултат 2:1 (6:2, 4:6, 4:6), а за време на натпреварот повраќаше и имаше тешкотии со дишењето поради високата влажност.

„Прво, му честитам на мојот противник. Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Така се чувствував. Не е прв пат, претпоставувам дека нема да биде последен, но е тоа што е“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по натпреварот. Ѓоковиќ беше прашан дали условите за игра му предизвикуваат тешкотии.

„Тоа е едноставно здравствен проблем што го имам. Ме мачи во последните неколку години. Имам многу проблеми, особено кога влажноста и топлината се високи“, додаде Србинот.

Ѓоковиќ (39) не можеше да потврди дека ќе се врати во Синсинати следната година. „Секако се надевам, но за жал, во овој момент се чини поверојатно дека нема да го сторам тоа. Сепак, ќе видиме што носи иднината“, заклучи Ѓоковиќ. Следниот турнир на кој Ѓоковиќ е закажан да игра е Отвореното првенство на САД, кое започнува на 30 август. Србинот четири пати го освои Гренд слем турнирот во Њујорк, последниот пат во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…