Објавено на:

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во историјата на тенисот

t

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе се борат за титулата на Завршниот мастерс во сезоната. Во полуфиналето Синер го победи Даниил Медведева со 6:3, 6:7, 6:1, додека Ѓоковиќ беше подобар од Карлос Алкараз со 6:3, 6:2.

Српскиот тенисер денеска ќе има шанса да го освои овој турнир по седми пат, со што би станал рекордер. Во моментов тој и Швајцарецот Роџер Федерер имаат по шест титули на завршниот турнир на најдобрите, додека пет пати најдобри беа Пит Сампрас и Иван Лендл.

Ѓоковиќ немаше ни да биде во финалето ако Синер не го победеш Холгер Руне во последното коло од групната фаза.

Финалето ќе биде нов тест за 22-годишниот Италијанец и 14 години постариот Србин на турнирот во Торино. Претходно во групата, Синер во маратонски меч го победи Ѓоковиќ со 7:5, 6:7, 7:6.

Освен славата која би го чекала со освојување на завршниот турнир, Синер има шанса да ја освои и најголемата парична награда во историјата на тенисот. Тој може да ја освои титулата без пораз, во групата ги победи Ѓоковиќ, Стефанос Циципас и Руне, а потоа и Медведев во полуфиналето. Евентуалната победа во финалето ќе му донесе парична награда од 4.800.000 милиони долари.

Синер доби 325.500 долари само за учество на турнирот и натпреварите по групи. Победата во секоја од нив му ги зголеми приходите за 390.000, а победата во полуфиналето му донесе 1.150.000 долари. Наградата за победникот во финалето е 2.200.000 долари.

Доколку пак победи Ѓоковиќ, тој би заработил 390.000 долари помалку, бидејќи доживеа еден пораз.

Финалниот меч во Торнио, меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ ќе започне во 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Закана за поставена бомба во еврејско училиште…

Полицијата во Торонто започна истрага откако утринава…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак…

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот…