Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе одлучува мнозинството, нема да дозволам да се изгради мoнcтруозно здание

t

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, утрово беше гостин во емисијата ,,Добро утро, секое утро” која се емитува на телевизија Алфа.

Говореше за најактуелните теми кои директно ги засегаат жителите на општината, за она што до сега е реализирано но и она што во иднина ќе се реализира а е дел од неговата програма и неговата цел за време на менаџирањето на општината.
Една од темите беше и стопирањето на изградбата на 99 згради во Расадник.

– Сето она кое сум го зборувал во тогашна опозиција и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, била апсолутна вистина. Јас четири години тврдев дека во Расадник се спрема монструозно здание од стотина згради. Четири години ја убедуваа јавноста дека јас лажам, а сега се покажа обратното. Јас ги разбирам сопствениците на парцелите, апсолутно ги разбирам, можеби и јас да сум нивно место и јас би реагирал како многумина од нив, таму треба да се урбанизира, но не може да се урбанизира со 99 згради. Јас живеам таму и апсолутно ги разбирам кога ќе ми речат и често пати сретнат на улица како може јас да одлучувам а сум дошол тука да живеам? Тие се апсолутно во право, јас сочувствувам со нив, но јас не можам да дозволам во функционирањето на еден систем да одлучува малцинството, мора да одлучува мнозинството. Кога ги влечеме чекорите за било кој потег за кој се обврзувам да го направам, секогаш гледам колективот да биде задоволен, не можам никогаш да се водам по личниот интерес ниту по интересот на малкумина.Таму започнуваме транспарентна постапка, јас нема да одлучам лично таму затоа што сметам дека не треба јас да одлучувам, од проста причина што секогаш треба да се остави простор граѓаните да изберат, за било какво решение.
За Расадник, доследно и категорично останувам на она што се обврзавме во кампањата, а таму е во наредниов период, односно до крајот на февруари, ќе распишеме меѓународен конкурс за идејно решение. Јас не велам дека таму нема да се урбанизира но треба сите да разберат дека сто згради таму не може да има. И тука апсолутно не ме интересира чиј интерес загрозувам со тоа, јас сакам да ги заштитам сите граѓани. Ние можеме да направиме еколошка катастрофа за Скопје ако дозволиме сто згради да има Дополнително, формираме и партиципативно тело во кое ќе бидат сите, од жителите во Расадник, сопствениците на парцелите, жители на околните населби кои се индиректно засегнати, така да јас ќе останам како што го ветив. . – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски зборуваше и за мерките кои етапно се решаваат, односно проектите од програмата за кои се обврзал пред граѓаните. Како што рече, она што најмногу им сметало на граѓаните и нему лично, е недоволната транспарентност на општината што е апсурдно за едно функционирање на системот во 21-от век.’

Тој кажа дека сега целосно е променето тоа, дека сега во моментов има отворена и транспарентна општина за сите и дека од 11 до 12 часот граѓаните имаат можност да остварат средба со него, а во останатиот период ги прима секретарот на општината, шефот на кабинет итн.

– Отворена и транспарентна значи она што го направивме пред некој ден и медиумите беа сведоци, а тоа е вадењето јавно на сите детални урбанистички планови, каде што јавно кажуваме дека плановите во иднина кои во минатото се носени на разно разни начини но најмалку транспарентно и се носени во интерес на поединците. Сега се менува тој концепт и се носат во интерес на граѓаните. Практично, со вадењето јавно на ДУП-овите оставаме на граѓаните сами да ја креираат во која што ќе живеат, а не тоа да го прави некој од градежната мафија како што го правеле во минатото или некој за да си ги задоволи своите лични интереси. – кажа Горѓиевски.

Покрај новиот начин на водење транспарентна општина, Ѓорѓиевски говореше и за реализацијата на проектите, односно реализација на паркинг местата ветени во програмата, за распишувањето на тендер за изработка за идејно сообраќајно решение, сериозна фирма која ќе се избере на тендерска постапка која ќе направи анализа на состојбите во Кисела Вода и ќе предложи проект според кој понатаму ќе се постапи кон решавање на сообраќајниот хаос.
Ѓорѓиевски зборуваше и за инвестициите во спортот и изградбата на три спортски комплекси во Кисела Вода кои беа дел од ветувањата во неговата програма.

– Во минатото имало состојби каде што се инвестирало само во еден клуб а на сметка на тоа пропаѓале три други. Јас додека сум градоначалник нема да дозволам да пропадне спортски клуб или некој да пропаѓа на сметка друг да се развива. Тука нема да дозволам ниту политика да се вмеша ниту било кој да влијае. Сите клубови подеднакво ќе добијат помош, а тоа е до крајот на февруари за реализација, спортските клубови во Кисела Вода да добијат финансиска помош.
Кога сме кај спортските комплекси, конечно си ја вративме салата ,,Расадник” во сопственост на општината и прв проект кој планираме да го реализираме по пат на јавно приватно партнерство, е да прерасне во сериозен и модерен спортски комплекс со затворен пливачки базен, нешто што го нема во Скопје, настрана од Борис Трајковски. Исто така, од оваа пролет ќе почнеме со Пржино, реконструкција односно изградба на спортски комплекс Славија, место на кое што во минатото многумина се спремаа да градат згради – јас нема да дозволам и ќе останам доследен на тоа што сум го ветил пред моите сограѓани. Таму исто така ќе има спортски комплекс но поради висината и ружата на ветрови да не биде спречена за долниот дел, таму нема да биде од затворен тип туку отворен, и уште еден комплекс во Драчево во месноста Дупки. – рече Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Расадник на пат да биде нов симбол…

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на…

(Видео) Ѓорѓиевски започна градежна офанзива во Кисела…

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…

Ѓорѓиевски: Со цел зголемување на транспарентноста, оформено…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски…