Објавено на:

Расадник на пат да биде нов симбол за Кисела Вода – Во проектот се вклучува и Архитектонскиот факултет од Скопје

t

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на фејсбук објави дека во планот за Расадник ќе се вклучи и архитектонскиот факултет во Скопје, со што локацијата се движи во насока да стане нов симбол на Кисела Вода.
Неговата објава ја пренесуваме интегрално:

„🤝 Потпишавме меморандум за соработка со Архитектонскиот факултет од Скопје ✍️
🏞️ Една од првите задачи кои оваа соработка ги овозможува ќе биде вклучување на факултетот во проектoт за идејно решение за Расадник, како хуман кварт за живеење.
☝️Покрај тоа, Меморандумот опфаќа соработка на повеќе полиња од облата на урбанизмот и архитектурата, како научни и стручни истражувањa и анализа на архитектонски и урбанистички проблеми, како и давање стручни мислења при изработка на стратегии, студии, анализи, проекти, елаборати и извештаи и друга помош поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проектипосебно на полето на урбаниот развој, одржливиот развој, енергетската ефикасност на објектите, заштитата на животната средина и културното наследство.
👨‍🏫 Како една од првите активности ќе биде и обука на советниците од Советот на општина Кисела Вода од страна на професори од Архитектонскиот факултет.
🏢 Општина Кисела Вода од наредната недела започнува со заедничка работа со Архитектонскиот факултет, со Комората на властени архитекти и инженери, со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и со неодамна оформеното Партиципативно тело од граѓани, со цел финално обликување на меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, по што истиот ќе биде објавен за домашната и за меѓународната јавност.“ Напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој постојано создава глутници бездомни кучиња…

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии и…

Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…

Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…

Загубите на вода на национално ниво во…

(Фото) Родители: Децата се разболуваат поради влага…

Децата живеат во простории што имаат влага…

„Фактор“: Фирмата на новиот градоначалник на Струмица…

Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица, во…