Ѓорѓиевски: По три децении празни ветувања – За три месеци ја решивме голготата на 100.000 граѓани
Зборот е збор – за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот ,,Борис Трајковски! Ова го напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
-По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани.
Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а наскоро започнуваме со поставување на првиот слој асфалт.
Ветивме и реализираме!
Жителите од овој дел на Скопје ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар каков што одамна заслужуваат.
Кога се сака – сѐ се може!
Скопје го правиме заедно!, напиша Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: По три децении празни ветувања –…
Зборот е збор – за скоро од…
Рама го нападна Вучиќ: Нема Голема Албанија,…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, се осврна…
Ахмети: Јас побарав од Груби да се…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување…
Новиот систем на ЕУ направи хаос на…
Чекањето на некои од најголемите европски аеродроми…
Администрацијата на Трамп поништи повеќе од 175.000…
Американскиот Стејт департмент објави дека администрацијата на…