Ѓорѓиевски се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.
На средбата, на амбасадорот му беа презентирани стратешките планови и приоритетни проекти, со посебен акцент врз потенцијалите со кои располага Општина Кисела Вода.
Заеднички се дискутираше околу сферите каде е можна подддршка за реализација на покрупни проекти од интерес на граѓаните.
Посебен акцент се стави врз образовниот процес и инвестициите на полето на културата. Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше амбасадорот дека во ООУ „Кирил Пејчиновиќ” факултативно се изучува италијанскиот јазик, а потоа разговараа околу обезбедувањето на ваква можност и за учениците од другите основни училишта во Кисела Вода.
Градењето на блиски релации преку зајакнување на соработката е од голема важност, на крајот од средбата, потенцираа соговорниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Хрватска знае што значи да се…
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ пристигна во…
Папата Франциск: Рускиот Патријарх Кирил даде поддршка…
Папата Франциск изјави дека побарал средба во Москва…
МНР демантира дека ЕУ “ја врати” Теута:…
Министерството за надворешни работи како шпекулации ги…
ЕУ не ја сакаат Теута: Предлогот на…
Прелогот на Владата за амбасадорка во ЕУ,…
Голем напредок: Путин прифати да се сретне…
Рускиот претседател Владимир Путин ќе го прими…