Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи напред – ги остваруваме проектите што се чекаа со децении
Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин Поток“ и овозможивме продолжување на работите, со рок за завршување до Нова година. Булеварот „Борис Трајковски“, ветуван три децении, е пред завршување. Се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“, а го придвиживме и проектот за мостот на „Љубљанска“. Ја завршивме првата фаза од булеварот „Македонија“ и наскоро влегуваме во втората, со која чекориме кон реализација на првата подземна сообраќајница во Скопје, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум што се одржа во Стопанската комора.
Како што истакна Ѓорѓиевски, секоја завршена сообраќајница, секој поврзан мост и секој решен инфраструктурен проблем значат подобро секојдневие за граѓаните и поголеми можности за стопанството.
-Зад овие инвестиции стојат побезбедни патувања, пониски трошоци за компаниите и повеќе време со семејството. Зад секој придвижен проект стојат решени проблеми, преземена одговорност и работа на терен. Нашата обврска е тие проекти да станат функционални решенија што граѓаните ќе ги користат секој ден. Паралелно, вложуваме во улици, тротоари, велосипедски патеки и осветлување низ сите скопски општини. Развојот мора да се почувствува во секое маало и пред секој дом, потенцира градоначалникот.
Според него, Скопје е сообраќајното, деловното и административното средиште на Македонија.
-Кога главниот град функционира подобро, придобивките ги чувствува целата држава. Затоа, координираното планирање на патната и енергетската инфраструктура и постојаниот дијалог со стопанството се клучни за нови инвестиции и работни места. Градиме Скопје во кое движењето е полесно, работењето е поефикасно, а животот е поквалитетен, порача Ѓорѓиевски кој се обрати по претседателот на Комората, Бранко Азески, потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и министерката за енергетика, Сања Божиновска.
Форумот беше посветен на патната и енергетската инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи…
Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…