Објавено на:

Јакимовски до Тошковски за дивоградбите во Чаир: Истражете, Ви гарантирам ќе стигнете до времето на вашиот градоначалник!

t

*Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски

Не ми е јасно како само му текна на министерот за прогон Панче Тошковски да каже дека ќе ја разберел Данела ако ова го правела од првата година од мандатот, а не сега.

Браво! За министерот, гонењето на кражбите и криминалот имаат тајминг.

А зошто, министре, не го спомнуваш Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Град Скопје?

Зошто јавна тајна беше дека овие нечесни дејствија се работеа и во негово време?

Впрочем, да не ве учам – си знаете!

Извадете Гугл снимка од 3 март 2011 година, и сè што е изградено потоа во таа општина, проверете:

👉 дали е упишано врз основа на градежна дозвола

👉 или врз основа на легализација?

Ви гарантирам – ќе стигнете до времето на вашиот градоначалник.

А инаку, при апсењето – вие милувате да идете наназад.

Министерот Тошковски рече:

„Добро е секој да си ја работи работата за која зема плата.

Општините да вршат контрола што е дозволено и што не е со закон.

Добро е тоа да го прават од почеток, континуирано, цел мандат.“

Добро е, министре, ама:

📌 Ова ли е истиот човек што поднесуваше кривични пријави за поставување урбана опрема во Крива Паланка?

📌 Ова ли е истиот што се колнеше дека правдата нема да заобиколи никого?

💰 Знаете ли колку чини украдено државно земјиште?

Од продажбата:

– 40% зема општината

– 40% градот

– 20% државата

Од комуналиите:

– 40% општината

– 60% градот

Значи зборуваме за организиран криминал:

инвеститори, изведувачи, локални власти, органи на прогон.

Ова веќе го вклучува и Министерството за внатрешни работи.

Не може да кажат дека не знаеле!

А буџетот на државата – директно оштетен со огромни суми.

Тешко нас.

Тие не ја бранат државата.

А што остана за нас – граѓаните?

⚠️ И конечно – советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Прво сами ставија точка на дневен ред за да се дискутира за дивоградбите во Сарај.

Кога градоначалничката Арсова им ја прифати, сфатија дека таа е подготвена и ќе направи масакр за Чаир.

И оп! Цурик!

Се откажаа од точката на дневен ред.

Се откажаа од дискусија за дивоградби на државно земјиште и за милијарди не платени комуналии.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од осуда на директна штета по Буџетот на Град Скопје, од кој месечно земаат убава паушала.

Што би рекле – вмровска посла.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Арсовска: Ганиу со фалсификат во Чаир „легализирал“…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по…

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…

- Ова е шанса да се расчисти…

Чаир е 19-ти по број на дивоградби…

Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и…

Јакимовски до Тошковски за дивоградбите во Чаир:…

*Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Карпош,…