Јаневска за неправилностите на универзитетите: Издале диплома со „Северна“ во 2016 година, а името сменето во 2018

t

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во изјава за медиумите зборуваше и за неправилностите на универзитетите.

Како што изјави Јаневска, издадена е диплома со „Северна“ во 2016 година.

Таа додаде дека оваа неправилност веќе е предмет во Јавното обвинителство.

„Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности од полагање на 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ системи, од еден предмет на четири ЕКТ системи признаени два со по седум ЕКТ кредити и диплома од 2016 на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година. Ова веќе е предмет во Јавното обвинителство. Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска за неправилностите на универзитетите: Издале диплома…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

Нетанјаху бара детали од САД за преговорите…

Израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, е во комуникација…

Први резултати од истрагата за атентатот врз…

Војната меѓу САД и Израел со Иран…

Уапсена сопственичка на салон за убавина, спречен…

Уапсена сопственичка на салон за убавина, спречен…

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…