Уапсена сопственичка на салон за убавина, спречен шверц на опасни медицински препарати

t

Уапсена сопственичка на салон за убавина, спречен шверц на опасни медицински препарати
На граничниот премин Табановце е откриен организиран обид за шверц на медицински и козметички препарати, за кои надлежните предупредуваат дека можеле сериозно да го загрозат здравјето на граѓаните. Во акцијата на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа приведени се три лица, меѓу кои и сопственичка на козметички салон.

Случајот бил откриен при влез во државата, кога комбе било селектирано за детална царинска контрола. При прегледот, меѓу чаршафи за постелнина, биле пронајдени 535 вијали со препарати за слабеење, како и илјадници етикети со ознаки „TIRZ 2,5 мг“ и „TIRZ 5 мг“.

Според истрагата, возилото било следено од мобилен царински тим до моментот на предавање на пратката, кога била извршена интервенција и приведување на осомничената при обид за наплата.

По наредба на јавен обвинител бил извршен и претрес во козметички салон поврзан со случајот. При контролата биле пронајдени дополнителни недокументирани производи, меѓу кои дермални филери, средства за нивно разградување, препарати за намалување масни наслаги, обликување на лицето, измазнување брчки и третмани за подмладување.

Првичните наоди покажуваат дека овие производи немале соодветна документација за потекло, безбедност или законски увоз. Постојат сомневања дека дел од нив биле користени и нудени во третмани на клиенти.

Против сите инволвирани лица е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, поради сомнежи за шверц, нелегално производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување.

Од Царинската управа најавуваат засилени контроли и апелираат дека ваквите незаконски активности ќе бидат строго санкционирани, со цел заштита на јавното здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…

Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…