Јаневска: „Кај Ромите има проблем“: се запишуваат, но не ја посетуваат наставата – дополнителен проблем што се водат редовни

t

Има проблем со ромските ученици во училиштата, тврди министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа вели дека децата најчесто формално се запишуваат, но голем дел од нив воопшто не ја посетуваат наставата или по извесен период го напуштаат училиштето. Во одредени средини, и покрај оваа ситуација, таа вели дека учениците продолжуваат да се водат како редовни. Дополнителен предизвик се честите преселби на ромските семејства надвор од земјата, поради што децата имаат проблем со признавање на завршените одделенија. Министерството ангажира ромски медијатори за да ја подигне свеста кај родителите, но проблемот со незавршеното образование останува сериозен.

,,Кај ромите има проблем. Проблемот е што имаме инклузија и голем дроп аут. Тие на некој начин со помош на медијаторите, на училиптата, со списокот кој го води МВР за родените, па училиштата го добиваат бројот на ученици, кој треба да им се запише. Воглавно ни се запишуваат на училиште, но потоа или воопшто не го посетуваат или извесен период се таму, а потоа излегуваат. Има дополнителен проблем што во одредени средини и кога има дроп аут, тие се водат како редовни ученици. Знаете дека огромен процент од ромското население има обичај барем времено да се пресели надвор од земјата, па потоа да се врати. Вообичаено, така велат информациите, тие деца потоа имаат проблем со нострификација на одделнието кое го завршиле. Воопшто не се пријавуваат, или таму каде што воопшто не оделе на училиште. Како и да е министерстовто ангажира 40 ромски медијатори, кои имаат токму таа улога да ја подигнат свеста во населението генерално кај родителите за децата да посетуваат училиште. Меѓутоа и точно е тоа дека имаме голем број на луѓе со надмината возраст кои треба некако да го завршат образованието.“, рече Јаневска

Прашана до кога треба да се подига свеста, дека некој треба да оди во училиште, кога се знае дека образованието е задолжително, а доколку не се посетува, следуваат казни, министерката тврди дека законот и понатаму ќе се спроведува, а свеста ќе се подига се додека треба.

Министерката и понатаму потенцира дека во текот на изминатите години доста работи се изместени . Таа потенцираше дека борбата, почнува од ново и затоа истата ниту е лесна, ниту едноставна, туку тешка и бара многу работа и упорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: „Кај Ромите има проблем“: се запишуваат,…

Има проблем со ромските ученици во училиштата,…

Струмичката марихуана сопственост на локални функционери на…

Неофицијално голем дел од вчерашната заплена на…

ТРАМП ОБЈАВИ РАСИСТИЧКО ВИДЕО ВО КОЕ БАРАК…

Доналд Трамп објави расистичко видео на својата…

Како Норвешка ја одбра иднината и зошто…

Како Норвешка ја одбра иднината и зошто…

„Аксиос“: По истекот на СТАРТ, Путин и…

САД и Русија почнаа преговори за продолжување…