„Аксиос“: По истекот на СТАРТ, Путин и Трамп пишуваат нов договор за нуклеарното оружје
САД и Русија почнаа преговори за продолжување на договорот СТАРТ за намалување на нуклеарното оружје, дознава „Аксиос“. Последниот важечки истече на полноќ на 5 февруари.
– Се договоривме со Русија да почнеме преговори за обновување на нашите односи. Се согласивме да создадеме услови за нов договор СТАРТ, што би траел најмалку шест месеци, изјави анонимен американски функционер.
Последниот важечки договор наречен нов СТАРТ, кој едвај преживеа, беше потпишан во 2010 година во Прага, Чешка, помеѓу тогашниот американски претседател, Барак Обама, и тогашниот руски претседател, Дмитриј Медведев. Според тој договор, двете држави да не требаа да имаат повеќе од 1.500 нуклеарни боеви глави. Оригиналниот СТАРТ беше потпишан за време на Студената војна во 1987 година од тогашниот претседател на САД, Роналд Реган, и тогашниот советски претседател, Михаил Горбачов. Тој договор вклучуваше забрана за распоредување на копнени балистички и крстосувачки ракети со дострел помеѓу 500 и 5.500 километри. По потпишување на договорот, и Советскиот Сојуз и САД уништија околу 2.500 ракети со ефикасен систем за следење и контрола од двете страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во домот на 27-годишен стружанец пронајдени 174…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
ДЗР: Македонија е неподготвена за справување со…
Во услови на зголемена изложеност на ризици…