Јаневска: МОН е оставен во минус од пет милијарди денари, ќе обезбедиме плата за сите вработени
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека не треба да има грижи, бидејќи и со буџет од минус 5 милијарди денари, ќе обезбедат да има плати за вработените во образованието, да се исплаќа финансиската поддршка за учениците и да расте студентскиот стандард.
Како што информираат од Министерството за образование и наука, на вечерашното гостување на Алфа ТВ, министерката зборувала и за актуелните состојби во образованието и промените кои ќе следат за време на нејзиниот мандат.
Ќе се потрудиме да направиме корисни чекори за да се унапреди квалитетот на образованието и веќе имаме позитивни реакции по однос на одложувањето на Концепцијата за основно образование и ревидирањето на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, посочила таа.
Осврнувајќи се на инклузијата во образованието, дополнила дека предлагаат измена на законите за основно и средно образование и заедно со стручната јавност и родителите ќе одлучат кое е најдоброто решение за инклузија.
Министерката говорела и дека постои голем притисок врз наставниците за поправање оценки на крајот од учебната година, но дека има план како да бидат ослободени од тој притисок, а од следната учебна година, како што дополнила, ќе се отвори и телефонска линија за пријавување неправилности во работењето на образовните установи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…