Јаневска: Училиштето во Ѓорче Петров реагирало за насилството, родителите да се вклучат повеќе во животот на своите деца
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска потврди дека е запознаена со случајот на врсничко насилство во училиште во општина Ѓорче Петров. Таа нагласи дека образовната установа веќе ги преземала потребните чекори, вклучувајќи пријава до полицијата и социјалните служби.
Министерката упати апел до родителите за поголема вклученост во животот на своите деца, посочувајќи дека институционалните мерки не се доволни без домашна поддршка.
МОН во соработка со Бирото за развој на образованието подготвува нови прирачници и упатства за постапување. Се подготвува проект за справување со семејното насилство, бидејќи агресијата кај децата често е рефлексија на состојбите во домот.
„Сите институции може да постапуваат правилно, но без помош од родителите, успехот ќе биде само делумен“, истакна Јаневска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Училиштето во Ѓорче Петров реагирало за…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Муцунски: Државата не може да биде подготвена…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Филипче: Мицкоски ќе стои како фуснота во…
Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата…
13 годишно дете нападнато од поголема група…
На 26.04.2026 во 13:00 часот во СВР…
Семејства затекнале бетонирани гробови и поместени парцели…
Шокантна сцена ги пречекала семејствата на починатите…