Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот, има индиции дека е подметнат

t

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци продолжува и денеска. Екипите ќе останат на терен сè додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови пожарот целосно да биде ставен под контрола, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Според Јанчев, досегашните сознанија и начинот на кој избувнал пожарот укажуваат на сериозни индиции дека тој можеби бил подметнат. Тој побара надлежните институции целосно да го истражат случајот и да ги утврдат одговорните.

„Оние кои намерно го загрозуваат здравјето и безбедноста на граѓаните, мора да одговараат“, порача Јанчев.

Поради пожарот, синоќа беше одржана итна седница на Кризниот штаб, со кој раководеше градоначалникот. На состанокот присуствувале претставници од Советот на Општината, ОВР Кавадарци, ТППЕ Кавадарци, ЈП „Комуналец“, „Мој општинар“ и општествено одговорни компании.

На седницата било заклучено интервенцијата да продолжи, при што дополнителна поддршка ќе обезбедат приватни компании од Кавадарци со сопствена механизација. Акцијата на терен ја координираат ТППЕ Кавадарци и ЈП „Комуналец“.

Кризниот штаб продолжува непрекинато да ја следи состојбата на депонијата и текот на интервенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…

Златото се искачи на 4.700 долари, растат…

Цените на металите на светските берзи денеска…

Исланд повторно пред вратите на ЕУ: Брисел…

Исланд овој викенд ќе се изјаснува за…

Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменик

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот,…

Три активни пожари и четири под контрола,…

На ден 25/26.08.2026 година, до 07:30 часот,…