Јанша постави услов за Србија: Нема напредок кон ЕУ без предавање на архивите на УДБА и ЈНА
Словенија би ја поздравила евентуалната одлука на новите власти во Србија да ги забрзаат преговорите за членство во Европската унија, но Љубљана за тоа има конкретен услов – предавање на архивската документација на поранешните југословенски служби што се однесува на Словенија.
Ова го соопшти словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој на социјалната мрежа „X“ наведе дека Љубљана нема да даде согласност за напредокот на Србија во европските интеграции сè додека не ѝ бидат предадени сите релевантни документи од архивите на поранешните југословенски институции.
Јанша појасни дека барањето се однесува на документацијата на неколку поранешни југословенски безбедносни и воени структури.
Меѓу документите што ги бара Словенија, тој ги спомена архивата на југословенската тајна полиција УДБА, нејзиниот наследник – Службата за државна безбедност (СДВ), Југословенската народна армија (ЈНА), како и Сојузниот секретаријат за внатрешни работи.
Според Јанша, станува збор за документи поврзани со Словенија, а нивното предавање би било услов за согласноста на Словенија за понатамошниот напредок на Србија на патот кон ЕУ.
Оваа порака доаѓа само еден ден по вонредните парламентарни избори во Србија, на кои, според достапните резултати, победи листата предводена од Александар Вучиќ.
Јанша изјави дека Словенија би поздравила доколку новата влада во Белград одлучи да го забрза процесот на пристапување кон Европската унија.
Сепак, тој истовремено јасно стави до знаење дека Љубљана очекува да се реши прашањето за архивите од периодот на поранешна Југославија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанша постави услов за Србија: Нема напредок…
Словенија би ја поздравила евентуалната одлука на…
Мицкоски разговарал со Срдановиќ: Му честитав за…
Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил…
(Видео) Граѓани влегоа во ТВ „Информер“, Вучиќевиќ…
раѓани влегоа во ТВ „Информер“, Вучиќевиќ тврди…
Кузмановиќ од Студентската листа за РТ: Ќе…
Претставникот на Студентската листа, професорот Владан Кузмановиќ,…
(Видео) Трамп пред симпатизерите: „Ники Минаж има…
За време на собир во Миџиген ,…