ЈАС СУМ КАКО ВАРДАР, СТАРТУВАМ СО МИНУС ШЕСТ БОДА! Јакимовски има намера да биде претседател што не трпи притисоци

t

„Јас сум како Вардар, стартувам со минус шест бода. Се сеќавате кога Вардар го казнија да настапува на наредната фудбалска сезона со минус шест бода“.

Ова во интервју за МИА го изјави претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, објаснувајќи како гледа на неговото ставање на американската „црна листа“, што се случи истовремено со потврдата на неговата претседателска кандидатура..

– Секаде, во секоја држава, изборите се најбитното и најчистото нешто што треба да биде. Ако имаш фер и демократски избори по сите стандарди, тоа значи дека ќе имаш мирен постизборен период. Очигледно, кај нас се прави циркус и обид да се помогне на оние кои ветуваат тоа што сега го зборуваат обратно, а тоа најмногу се однесува на бугарскиот договор и на промена на Уставот, за да влезат Бугарите во Уставот и на кратењето на тоа дека сме Македонци од 1944 година, дека нашиот јазик е бугарско наречје и дека сите револуционери се Бугари. Значи, за да може таа групна жаба некој да ја голтне, треба да се елиминираат оние кои најмногу им пречат во таа работа и кои имаат најтврди ставови. Тоа се барањата од овие луѓе за да можат полесно да го направат предавството после изборите – вели Јакимовски.

Претседателската функција, како највисока и најодговорна во државата, треба да ја врши човек со искуство во политиката, достоинствен и подготвен да не попушти под каков било притисок кога се загрозени интересите на граѓаните, оценува Јакимовски.

Тој истакнува дека се залага за декриминализација во урбанизмот, односно корупцијата да се намали со ослободување на сите функционери од каков било потпис. Од Западот, според него, ниту тоа не ни го дозволуваат, како што вели, „за да може да не имаат во раце, па кога сакаат да активираат кривични пријави, да измислуваат вакви листи, да се мешаат во изборни процеси“.

Според него, цела Европа е во сериозен проблем, вклучувајќи го и нашиот стратешки партнер, се губат позициите во светот, а за жал, како што вели, јакне спротивната страна. Во вакви околности, подвлекува Бугарија се однесува по принципот „село гори баба се чешла“.

-И кога сето тоа ќе ѝ биде оневозможено на Европа и на стратешкиот партнер, значи ние веќе имаме сериозен проблем, а од друга страна сме буквално во војна со Русија, односите со Кина веќе се влошуават, БРИКС од друга страна се зајакнува и се повеќе држави се зачленуваат таму. А Бугарија се однесува по принципот „село гори баба се чешла“. Во една тешка ситуација во која може да се најде цела Европа, вклучувајќи го и стратешкиот партнер, за нив е најбитна историјата, дали сме ние Македонци од 1944 или откако постоиме. За нив е најбитно каков ни бил јазикот, а воопшто не сакаме да се осврнеме на овие прашања кои треба да се затворат, цел Западен Балкан да се интегрира во ЕУ и да функционираме како еден за да можеме да се справиме со ова што ни се случува во целиот свет – посочува Јакимовски.

Поента од интервјуто на Јакимвски за МИА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да помогнеме: Сибела од Штип има потреба…

Да подадеме рака на оние на кои…

Ковачевски на средба со поранешните лидери на…

Претседателот на СДСМ во оставка Димитар Ковачевски…

Неделковски го повика Стефковски на јавно соочување:…

Бидејќи градоначалник е одговорност а не функција,…

Путин: Иднината на Русија се решава на…

Властите треба да работат онолку колку што…

Морничаво: Едно лице загина откако се заглави…

Едно лице загина на аеродромот во Амстердам…