Објавено на:

Ја завршила мисијата: Американската коалиција го напушта Ирак

t

Ирак објави дека коалицијата предводена од САД, која се борела против екстремистичката Исламска држава ја завршила својата борбена мисија и ја напуштила земјата.

Мисијата на коалицијата сега е ограничена на советување и поддршка на Стратешкиот дијалог – соопштила ирачката влада.

Во соопштението се додава дека во Ирак повеќе нема странски борбени единици.

Претходно оваа година, Ирак и САД се согласија дека коалициските сили повеќе нема да извршуваат борбени мисии.

И од коалицијата против ИД потврдија дека нејзината борбена мисија во Ирак е завршена и отсега ќе дава совети за ирачката армија и Пешмерга, како што се нарекуваат безбедносните сили на автономната ирачка провинција Курдистан.

Со крајот на нашата борбена улога, гордо ќе ја извршиме мисијата #AdviseAssistEnable за ирачките безбедносни сили (ИСФ) и Пешмерга како поканети гости во Република Ирак – објави коалицијата на Твитер.

Алијансата за борба против ИД е основана откако радикалната група освои големи делови од северен Ирак и соседна Сирија со прогласување калифат.

Во меѓувреме, ИД ја загуби освоената територија, но се уште е активна и извршува напади во двете земји.

Ирак прогласи победа над ИД во декември 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на САД Ирак го запира…

Ирак денеска ќе го запре увозот на…

Ирак целосно ги затвори границите

Ирачката администрација соопшти дека границите на Ирак…

БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…

Ирак се подготвува да ја намали законската…

Крвава одмазда на Турција врз курдските милитантни…

Турција продолжува со воздушните напади врз курдските…

(Видео) Пукање на автопат во Америка –…

Седум лица се повредени во пукање или…