Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал и малтретирал: Жена од Босна доживеала ужас од партнерот во Македонија
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д.(46) од селото.
Веднаш е постапено по пријавата и со неа и нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што изјавила дека го слушнала И.Д. дека разговара со други жени и му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила.
Тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
На 10.11.2026 во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…
Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…
Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…
32-годишна жена од Скопје се здобила со…