Ја ранил снаата со воздушна пушка во семејниот двор

t

На 17.03.2025 во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р.(46) од с.Порој, тетовско. Тој бил пријавен од Ќ.Р.(50) од с.Порој, сопруга на неговиот брат, дека истиот ден околу 13.00 часот во дворот на нејзината семејна куќа од невнимание ја повредил на рамото со воздушна пушка, по што ја пренел во Клиничка болница Тетово.

Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени пневматска пушка „Гамо“ калибар 5,5 милиметри, дозвола за оружје на негово име и една железна кутија со дијаболи. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…

26-годишен жител на Кочани се соочува со…

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…

Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…

Во пукање на главниот плоштад во Краков,…

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…