Ја тепал сопругата за да му даде пари да си купи дрога – Уште еден случај на семејно насилство во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да извадат пари од нејзината плата за да купи дрога. Оштетената го послушала, но враќајќи се назад кон нивниот дом, тој започнал вербална расправија, го запрел возилото и и кажал да излезе. Откако излегла, започнал да го врти возилото со намера да ја удри. Бидејќи не успеал, го запрел возилото, тргнал кон оштетената по што и го одзел мобилниот телефон за да провери со кого разговарала. Во еден момент и физички ја нападнал, удирајќи и шлаканица и нанесувајќи и удари во пределот на лицето и вратот, од кои удари оштетената се здобила со телесни повреди изразени во вид на нагмечувања на лицето, на вратот и на раката.
Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува или воспоставува, односно одржува контакти или врски со жртвата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Слаб земјотрес вечерва во Скопје
Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…