Објавено на:

Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел

t

Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот брод „Галакси Лидер“ во Црвеното Море била оркестрирана од Иран.

Владата на Хутите во Јемен соопшти дека запленила товарен брод поврзан со Израел во Црвеното Море, додека тензиите меѓу нив зовриваат поради конфликтот во Газа. Израел го осуди потегот, но инсистира на тоа дека бродот немал врска со земјата.

Јапонскиот оператор „NYK Line“ во понеделникот соопшти дека носачот на автомобили и камиони под бахамското знаме, „Galaxy Leader“, бил заробен во близина на Ходеида, Јемен додека пловел за Индија, додавајќи дека во него имало 25 членови на екипажот.

Додека е управуван од јапонска компанија, бродот е во сопственост на британската компанија „Ray Car Carriers“, поврзана со Абрахам Унгар, еден од најбогатите луѓе во Израел, според Форбс.

Бригадниот генерал Јахја Сари, портпаролот на јеменските вооружени сили, потврди дека морнарицата го насочила бродот кон брегот на земјата, тврдејќи дека операцијата била спроведена врз основа на „верска, хуманитарна и морална одговорност кон угнетениот палестински народ и неправедните опсада на која се подложени“.

Тој истакна дека Јемен „ќе се справи со екипажот на бродот во согласност со учењата и вредностите на нашата исламска религија“. Јеменската војска, исто така, „ќе продолжи да спроведува воени операции против израелскиот непријател додека не престане агресијата“ врз Газа, додаде тој.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го опишаа инцидентот како „киднапирање“ и „тежок инцидент со глобални последици“, истовремено нагласувајќи дека бродот бил „со персонал од цивили од различни националности, не вклучувајќи ги Израелците. Тоа не е израелски брод“.

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху тврди дека киднапирањето било организирано од Техеран, кој има блиски врски со бунтовниците Хути, осудувајќи го, како што го нарече, „уште еден чин на ирански тероризам“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, ги негираше тврдењата, тврдејќи дека различни „групи на отпорот во регионот дејствуваат независно и спонтано врз основа на нивните интереси“. Тој додаде дека тврдењата на Израел за бродот имале за цел да го одвлечат вниманието од неговиот „непоправлив пораз“ во конфликтот со Хамас.

Тензиите меѓу Хутите и Израел се зголемија по нападот на Хамас врз еврејската држава на 7 октомври. Минатиот месец јеменската војска соопшти дека лансирала беспилотни летала и проектили кон Израел како поддршка на палестинската кауза. Пред тоа, Пентагон соопшти дека американски разурнувач распореден во Црвеното Море соборил неколку проектили истрелани од Јемен и потенцијално насочени кон цели во Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го обвини Гутереш дека е на…

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен…

Русија-Египет: Признавање на Палестинската држава ќе значи…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…

САД ставија вето: Засега нема крај на…

Синоќа, САД ставија вето на резолуцијата во…

Русија: Поплавувањето на Газа би било воено…

Претставникот на Москва во ОН го осуди…

Ќе изгласа ли Советот за безбедност на…

Советот за безбедност на ОН треба да…