Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков.
Како што информираат од Министерството за правда, Шасивари истакнал дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста, ефикасноста на правосудниот систем, враќање на довербата на граѓаните во правосудството, како и продолжување на реформските процеси во согласност со стратешките определби на Владата и европската агенда на државата.
-Министерството за правда ќе остане отворена и професионална институција, посветена на интересите на граѓаните, владеењето на правото и обезбедувањето ефикасен, праведен и достапен правосуден систем, порачал министерот за правда Јетон Шасивари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за…
Во Министерството за правда денеска беше извршено…
Туск: Малку е веројатно дека мирот во…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…
Ослободителна пресуда за Груевски за ,,Талир 2″,…
Денеска во Кривичниот суд беше изречена ослободителна…
МВР со кривична за поранешен директор: Незаконски…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на…
Расипани и хаварисани се 60 отсто од…
Повеќе од половина од камионите на ЈП…