Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков.
Како што информираат од Министерството за правда, Шасивари истакнал дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста, ефикасноста на правосудниот систем, враќање на довербата на граѓаните во правосудството, како и продолжување на реформските процеси во согласност со стратешките определби на Владата и европската агенда на државата.
-Министерството за правда ќе остане отворена и професионална институција, посветена на интересите на граѓаните, владеењето на правото и обезбедувањето ефикасен, праведен и достапен правосуден систем, порачал министерот за правда Јетон Шасивари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…
Изборите во Брвеница се и порака за…
Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…
Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј
Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…