Јовевски доби писмо со закани од терористичка организација

Јавниот обвиител на РМ, Љубомир Јовевски, соопшти дека на 26.01.2022 година добил пратка со заканувачка содржина, односно добил писмо на македонски и англиски јазик од неидентификувана терористичка организација.
Пратката ја добил по пошта, а испратена е од Битола од страна на непознато лице.
Во содржината на заканувачкото писмо се бара од Обвинителот Јовевски да ги ослободи од обвинение новинарите на Телевизија Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.
Обвинителот Јовевски вели дека ваквите напади нема да го спречат во професионално вршење на неговата работа.
Пратката ќе биде доставена до МВР да се започне со процедура за идентификација на лицето кое го испратило писмото и да се спроведат понатамошните потребни процедури.
Во врска со случајот, Претседателот Пендаровски претходно изјави дека е против прогон на новинари:
“Доколку бидат осудени, јас лично ќе ги помилувам” рече Претседателот во гостување на Канал 5.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паника во Србија, стигна заканувачко писмо: Водата…
Ново заканувачко писмо: Ги здруживме силите со…
Битолчанец заврши зад решетки: Со остар предмет…
На 07.05.2022 во 10.00 часот во Битола,…
Русија ѝ се закани на Јапонија: Ќе…
Русија ја предупреди Јапонија и се закани…
Русија ѝ се закани на Хрватска: Властите…
Портпаролката на руското МНР денеска со остар…
Професорка на Тетовскиот универзитет му се заканлувала…
Студентите од Факултетот за уметности при Државниот…