Јовевски доби писмо со закани од терористичка организација
Јавниот обвиител на РМ, Љубомир Јовевски, соопшти дека на 26.01.2022 година добил пратка со заканувачка содржина, односно добил писмо на македонски и англиски јазик од неидентификувана терористичка организација.
Пратката ја добил по пошта, а испратена е од Битола од страна на непознато лице.
Во содржината на заканувачкото писмо се бара од Обвинителот Јовевски да ги ослободи од обвинение новинарите на Телевизија Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.
Обвинителот Јовевски вели дека ваквите напади нема да го спречат во професионално вршење на неговата работа.
Пратката ќе биде доставена до МВР да се започне со процедура за идентификација на лицето кое го испратило писмото и да се спроведат понатамошните потребни процедури.
Во врска со случајот, Претседателот Пендаровски претходно изјави дека е против прогон на новинари:
“Доколку бидат осудени, јас лично ќе ги помилувам” рече Претседателот во гостување на Канал 5.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановец отстранет од домот откако и се…
Отстранет од домот кумановец кој се заканувал…
Иран со закани кон Европа: Можеме да…
Иран започна нов бран напади врз бродови…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Спасовски: Доверената организација на Самитот на ОБСЕ…
Степенот на безбедност во Скопје, за денешниот…
(Фото) Бугарскиот провокатор Виктор Стојанов им се…
Бугарскиот провокатор Виктор Стојанов им се заканува…