Објавено на:

Јотова со нова провокација: Прашање е дали властите во Скопје се способни да гарантираат безбедност за дипломатските мисии

t

Категорично го осудувам палењето на дипломатски возила во бугарската амбасада во Македонија. Ова не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатска мисија, што ја доведува во прашање способноста на властите во Република Северна Македонија да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски мисии во согласност со нивните меѓународни обврски.

Ова е наведено во реакцијата на претседателката на Бугарија Илијана Јотова во врска со опожарените возила на персоналот на амбасадата на Бугарија во Скопје.

„Загрижувачки е што овој инцидент се случува во позадина на континуирана антибугарска реторика и атмосфера на нетолеранција, која со години останува без потребниот институционален отпор. Ваквите дејствија не се случуваат во вакуум – тие се директна последица на всадувањето омраза и неказнивост.“

Јотова очекува итна, транспарентна и ефикасна реакција на надлежните органи во Македонија.

„Очекувам итни, транспарентни и ефикасни дејствија од надлежните органи во Македонија за идентификување и казнување на сторителите и нивните можни поттикнувачи. Брзината и решителноста на реакцијата ќе бидат јасен тест за посветеноста на Република Северна Македонија на принципите на владеење на правото, добрососедските односи и европските вредности.“

Јотова укажува дека Европската интеграција не е само политичка цел, туку и одговорност.

„Земја која претендира на членство во Европската Унија мора безусловно да ја гарантира безбедноста на дипломатските мисии, да се спротивстави на говорот на омраза и да демонстрира почит кон своите соседи не само со зборови, туку и со дела, изјави и Јотова“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова со нова провокација: Прашање е дали…

Категорично го осудувам палењето на дипломатски возила…

Макрон: Носачот на авиони „Шарл де Гол“…

Претседателот Емануел Макрон денеска изјави дека Франција…

Мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт…

Грозоморно насилство врз тримсесечно бебе од страна…

(Видео) Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден…

Веднаш по пријавата за пожар на две…

(Видео) Се урна руски бомбардер Ту-22М3 по…

Рускиот суперсоничен бомбардер Ту-22М3 се урна во…