Јужна америка станува отпорна на оркестрирани пучови и преврати – Мадуро побара да се сретне со Џо Бајден

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го изрази своето позитивно мислење за средба со претседателот на САД Џо Бајден, пренесува Агенција Анадолија.
„Се надевам дека дијалогот со американската влада ќе биде отворен, директен, храбар и искрен и ќе има взаемно разбирање“, изјави Мадуро за телевизијата „Телесур“.
Истакнувајќи дека нема подобрување во односите и по доаѓањето на Бајден во Белата куќа, Мадуро рече: „Посакувам да има дијалог со владата на Џо Бајден. Ако тоа се случи, би било одлично, ако не, ќе продолжиме со нашата борба.“
Мадуро рече дека САД се одговорни за прекинот на преговорите со опозицијата, кои започнаа на 13 август, чиј домаќин беше Мексико, со посредство на Норвешка.
Нагласувајќи дека Венецуела добро ја започнала новата година, Мадуро рече дека се движат кон процес кој ќе овозможи подобро образование, здравство, домување и социјална среќа.
– Повик за нормализација со САД
Во својата изјава на 19 јуни 2021 година, Мадуро истакна дека сакаат да ја намалат тензијата меѓу САД и неговата земја, која се зголеми во последните години.
Говорејќи за телевизискиот канал „Bloomberg“, Мадуро нагласи дека неговата влада се обидува да преговара со администрацијата на американскиот претседател Бајден за да ги намали дипломатските и трговските тензии со взаемно почитување и доверба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…