Објавено на:

Љубчо Георгиевски:Во Македонија се крие дека Делчев бил бугарски учител – Жртвите за самостојна Македонија ги правиме предавници, а удбашите херои

t

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски смета дека излезот од овој историски крстопат на нашата земја е кај Бугарија.

-На Бугарија цело време некој друг и е виновен, затоа што не е присутна во Македонија. Од друга страна има огромна статичност кај бугарската политика. Македонската страна преку Пендаровски, Заев и Историската комисија рекоа дека можеме да објавиме дека Гоце Делчев е заеднички херој. Жал ми е што бугарската страна не сфати каква отстапка е тоа, што значи да се каже дека Делчев е заеднички и на Македонците и Бугарите. Бугарската страна од Историската комисија не сфаќа каква шанса добила кон доаѓање на некоја релативна вистина, рече Георгиевски во емисијата „Трилинг“.

Според него, во Бугарија преовладува атмосфера кај што Македонија треба да се победи со 10:0.

-Во македонската историја се крие дека Делчев е учител на бугарската егзархија во Македонија. Делчев го научил Тодор Александров во бугарското училиште во Штип. Кај дојдовме ние сега? Во тотална перверзија каде жртвите за самостојна и независна Македонија ги правиме предавници, а удбашите ги правиме херои. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ и тоа е тотален парадокс на денешното постоење на ВМРО, вели Георгиевски.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ