ЉУБЧО ЌЕ ЈА ПОДЕЛЕШЕ ДРЖАВАТА, АМА ТУКА БЕШЕ АЛИ ДА ГО СПРЕЧИ: Внукот на Ахмети се гордее со својот вујко, бидејќи ја спасил Македонија

t

Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата. Но, Али Ахмети не го потпиша тоа, а сега вие не го цените доволно.

Ова на денешната прес-конференција го истакна внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој заедно со албански бизнисмен го купува деловниот центар „Соравија“ во Скопје.

Тој се правдаше дека Али Ахмети му е вујко, но дека тој нема ништо со овој бизнис.

– Точно е дека Али Ахмети ми е вујко, Бог да го благослови. Тој е мојата мотивација. Ахмети ѝ помогна на оваа земја. Сега немаше да ја имаме Македонија ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата. Но, Али Ахмети не го потпиша тоа. Не го цените доволно овој човек. Горд сум поради тоа што го имам за вујко, но тој нема ништо со мојот бизнис – рече Дрин Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранични полицајци земаа мито – заработија и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Johnson Matthey оствари силен шестмесечен раст и…

Групацијата Johnson Matthey објави одлични резултати за…

Министерството за здравство го осудува насилството врз…

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот…

Стотици училишта во Германија и во Данска…

Повеќе од 450 училишта ширум Германија денеска…

Пожар во стан на Бит Пазар, сопственикот…

На 22.11.2026 во 11:00 часот во СВР…