Објавено на:

„Њујорк тајмс“: Планот за пад на режимот во Иран пропадна

t

Според „Њујорк тајмс“, плановите на САД и Израел да предизвикаат внатрешна побуна во Иран и да го соборат режимот засега не успеале.

Пред почетокот на конфликтот, шефот на Мосад, Давид Барнеа, предложил план според кој елиминацијата на ирански лидери и разузнавачки операции би поттикнале масовен бунт и брз пад на властa. И покрај сомнежите во дел од разузнавачките кругови, политичкото раководство било оптимистично.

Три недели по почетокот на војната, таков развој не се случил. Иранската власт е ослабена, но останува стабилна, а стравот од безбедносниот апарат ја намалил можноста за поширока побуна.

Конфликтот се проширил и во регионот, со напади врз воени цели, градови и енергетска инфраструктура.

Аналитичарите претходно предупредувале дека масовен бунт е малку веројатен, особено за време на интензивни напади. Се проценувало дека режимот ќе опстане, а евентуални внатрешни судири би довеле до пресметки, а не до демократски промени.

Дел од планот вклучувал и дејствување преку курдски групи, но САД се повлекле од таа идеја. Во Израел расте незадоволство поради изостанокот на очекуваните резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк тајмс“: Планот за пад на режимот…

Според „Њујорк тајмс“, плановите на САД и…

МВР поднесе кривична пријава против Ромите кои…

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59),…

Иран: Ормускиот теснец е отворен, но не…

Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова…

CNN: САД немаат јасна опција за завршување…

Конфликтот меѓу САД и Иран влегува во…

„ЦИРКУЗАНТ“: Мицкоски за новинарот што и се…

Премиерот Христијан Мицкоски одби подетално да ја…