Објавено на:

Иран: Ормускиот теснец е отворен, но не за сите

t

Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова фаза со спротивставени тврдења за можни преговори и континуирани воени напади на терен. Додека Вашингтон зборува за напредок во разговорите, Техеран го негира тоа, а тензиите во регионот не стивнуваат. Израелската армија изврши напади врз Иран.

Иранската Исламска револуционерна гарда одговори со нови воздушни напади врз американската и израелската воена инфраструктура. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Ормутскиот теснец е отворен за бродови од земји кои не ги поддржуваат нападите на САД и Израел, додека е затворен само за бродови на „земјите агресори и нивните поддржувачи“.

Абас Арагчи – министер за надворешни работи на Иран

„Моменталната несигурност во регионот и Ормутскиот теснец е директна последица од нападот на САД и Израел врз Иран на 28 февруари. Техеран решително го брани својот национален суверенитет и територијален интегритет“.

Израел ќе продолжи да ги напаѓа Иран и Либан и покрај тоа што САД размислуваат за прекин на огнот, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Изјавата следува по телефонскиот разговор Трамп-Нетанјаху откако шефот на Белата Куќа го запре воениот притисок врз Техеран со продолжување на рокот за повторно отворање на Ормускиот теснец и одложување на нападите врз иранските електрани за уште пет дена.

Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел

„Претседателот Трамп верува дека постои можност да се искористат значајните достигнувања на израелските одбранбени сили и војската на САД за да се остварат воените цели во договор што ќе ги заштити нашите витални интереси. Во исто време, ние продолжуваме да напаѓаме, и во Иран и во Либан. Ја уништуваме ракетната и нуклеарната програма и продолжуваме сериозно да му нанесуваме штета на Хезболах“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека САД преговараат со почитуван ирански лидер, но Техеран негира какви било разговори и соопшти дека американскиот претседател се повлекува по нивните предупредувања. Израелски медиуми објавија дека САД го одредиле 9-ти април како можен датум за завршување на војната со Иран. Политико објави дека американската администрација тајно го разгледува претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, како потенцијален партнер, па дури и како иден лидер на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка организира превоз за клиентите на…

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…

Драма на небото над Србија: Воени ловци…

Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…