Ќе има ли средба Блинкен-Лавров во Скопје?
Американската страна не побарала средба меѓу рускиот шеф на дилломатијата, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен на маргините на министерскиот Самит на ОБСЕ во Скопје. Ова го изјава заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков и нагласи дека таква средба во Скопје ќе нема, пренесува руската агенција ТАСС.
„Не, таква средба ќе нема. Американската страна не побарала такво нешто“, одговори Рјабков на новинарско прашање.
Претходно и помошникот државен секретар европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан се воздржа од коментари за потенцијален контакт меѓу Блинкен и Лавров во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…