Ќе падне Владата на Шолц? Се бараат предвремени избори

t

Лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зодер, предложи да се одржат предвремени избори во германија поради „проблемите во владејачката коалиција“.

Зборувајќи за можноста за одржување предвремени избори на 9 јуни – во исто време со европските избори, Зодер порача дека „Владата на левиот центар на канцеларот Олаф Шолц треба да распише предвремени избори бидејќи повеќе не е способна да се справува со проблемите на земјата“, јави ДПА.

Според него, коалициската влада треба да се соочи со гласање за доверба, но не во Парламентот, туку, како што рече, пред германскиот народ.

Новите избори би можеле да резултираат со традиционална голема коалиција меѓу конзервативците и социјалдемократите на левиот центар на канцеларот Олаф Шолц, а другите комбинации нема да и го дадат на земјата потребното лидерство“, рече Зодер.

Тој потоа побара Владата да „разјасни како ќе се справи со буџетот по одлуката на Уставниот суд, која остави дупка од 60 милијарди евра во плановите на коалицијата“.

Конзервативната опозиција нема да се спротивстави на федералната влада да прогласи вонредна состојба што ќе овозможи усвојување специјален дополнителен буџет за 2023 година за да се избегне кризата, но сепак ќе го смета овој потег за погрешен“, рече Зодер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Македонската полиција експресно пронајде криминалец баран со…

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот…

Анкета: 82% од Германците не ја одобруваат…

Олаф Шолц има најнизок рејтинг на одобрување…

Германската партија во подем е прогласена за…

Безбедносните служби во Саксонија тврдат дека AfD…

Германија: Руската одбранбена индустрија им пркоси на…

Земјата сè уште произведува доволно опрема и…