Ќе се зауздуваат брзите кредити – Се подготвува закон
Министерство за финансии работи на измени на Законот за финансиските друштва со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во секторот. Поконкретно ова се однесува за поголема контрола на брзите кредити.
Се предвидува воведување задолжителни внатрешни тела, како одбори за ревизија и кредитен ризик, како и построги услови за отворање нови деловни простории. Измените предвидуваат и зголемување на основната главнина на финансиските друштва. Кредитите повеќе нема да се исплаќаат во готовина, туку исклучиво преку банкарска сметка.
Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека мерките следуваат по контроли кои откриле слабости и неправилности во работењето на дел од друштвата. Во одредени случаи биле преземени мерки, вклучително и одземање лиценци. Целта е поголема заштита на граѓаните и повисоки стандарди во финансискиот сектор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се зауздуваат брзите кредити – Се…
Министерство за финансии работи на измени на…
САД и Иран блиску до меморандум, Женева…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат…
Има голем интерес на турските компании за…
Нетанјаху по најавите за договор меѓу САД…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати цврста порака…
Шест месеци работа без плата и без…
Околу 50 вработени во Клиниката за детски…