Шест месеци работа без плата и без продолжен договор – вработените од Детска клиника на протест
Околу 50 вработени во Клиниката за детски болести денеска протестираа пред Министерството за здравство, незадоволни што веќе шест месеци работат без плата и сè уште немаат продолжени договори за работа.
Тие велат дека, и покрај бројните реакции до надлежните институции и ветувањата дека ќе се направат напори за решавање на проблемот, нивниот статус останува нерешен. Вработените очекуваат средба со министерот за здравство, Азир Алиу, и итно решение за нивниот работен ангажман.
„Работевме шест месеци без ниту еден одговор. Одговорот од Министерството за финансии ни стигна дури во април, а ние за тие месеци чесно работевме и ѝ служевме на Клиниката и на децата. Пред два-три дена министерот изјави дека сме биле волонтери, а ние немаме ниту еден документ дека сме работеле како волонтери“, изјави Седат Буши, еден од вработените.
Тој посочи дека документацијата за продолжување на договорите била доставена уште во декември и се однесува на истите лица кои работеле и во претходните години.
„Не може до декември 2025 година да сме биле вработени и да земаме плата, а од јануари да бидеме волонтери. Тоа нема никаква логика. Минатата недела бевме во Министерството за финансии, каде што ни рекоа дека постапката ќе почне од почеток“, рече Буши.
Вработените предупредуваат дека нивната неизвесност директно влијае врз функционирањето на Клиниката и бараат надлежните институции што поскоро да најдат решение за проблемот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Град Скопје не успеа да го…
Екипите на Град Скопје не успеаја во…
Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…
Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…
СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…
По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…
ССМ повикува на масовен протест на 1…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати…
Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…