Џабе германскиот извештај: ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара

t

Дали ќе има кривична одговорност против некој за 14 загубени животи во тетовската модуларна болница, обвинителите сеуште не знаат. Од тетовското обвинителство за ТВ 24 велат мораат детално да го прочешлаат извештајот од германските експерти, бидејќи од еден збор може да произлезат нови правци. Станува збор за извештај од околу 7 страни, а во моментов го анализираат 5 обвинители. Отаму велат дека секојдневно работат на овој случај, но кога ќе има епилог не можат да предвидат.

Од Јавното обвинителство пак за ТВ 24 велат дека мора да завршат сите анализи за да се донесе одлука дали некој кривично ќе одговара.

Во овој момент не може да се каќе дали ќе има обвинение против некој, ќе се знае откако ќе се анализираат сите докази и извештаи. Очекуваме тоа да биде во брзо време, односно во наредните три недели, велат од ОЈО.

Модуларната болница пак во руина. Изгорена до темел, само со остатоци од некогашниот простор каде се лекуваа пациенти од коронавирусот. Непријатна слика која потсетува на големата трагедија на 8ми септември, велат тетовци. Од тетовското обвинителство велат дека тој простор повеќе не им е потребен за прибирање докази, па директорот на болницата треба да одлучи што ќе прави со него.

Директорот Амир Елези, за ТВ 24 вели сеуште не знаат кога ќе го отстранат изгорениот објект, бидејќи треба да се одлучи со Управниот одбор на болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години…

Побеле Хрватска: Во Горски Котар моментално врне…

Во Горски Котар утрово паѓа снег, камерите…

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата…

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе…

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Хамас е подготвен на примирје со Израел…

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа,…