Џамбаски контра Вучиќ: „Дрскиот шумадиец се бори Македонија да не стане дел од ЕУ“

t

Поранешниот европратеник и еден од копретседателите на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, реагираше на вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, поврзана со европскиот пат на земјите од регионот, меѓу кои и Македонија.

„Дрскиот шумадиец со шајкача се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од Европската Унија. По нарачка на штуката“, напиша Џамбаски во својата објава.

Реакцијата на Џамбаски доаѓа откако Вучиќ изјави дека неговата политичка борба за европската интеграција не се однесувала само на Србија, туку и на Босна и Херцеговина и на Македонија.

Во исто време, српскиот претседател не ја исклучи можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина, преку забрзана постапка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џамбаски контра Вучиќ: „Дрскиот шумадиец се бори…

Поранешниот европратеник и еден од копретседателите на…

Мицкоски за утрешниот протест на синдикалците: Секој…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги…

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни…

Во три сообраќајни несреќи, тешко повредени се…

Трпеле голема штета на границата: Бугарскиот вицепремиер…

Економските загуби за сите земји, не само…

Нелоски: Татко ми е дел од фирмата…

Владимир Нелоски, шефот на кабинетот на премиерот…