Објавено на:

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33 години – скандалот со наводни афери ја потресе технолошката компанија

t

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, по објавите за негови две наводни вонбрачни врски, од кои едната со жена обвинета за шпионажа во корист на Кина, објави компанијата.

Финансиската директорка Колет Крес привремено ќе ја преземе функцијата, додека Управниот одбор бара постојан наследник. Со тоа завршува 33-годишното раководење на Хуанг со компанијата, чиј коосновач е. Шеесет и тригодишниот Хуанг се повлекол и од местото во Управниот одбор.

Во официјалното соопштение компанијата не ја навела причината за неговото заминување.

Веста предизвика пад на акциите на „Нвидиа“, една од највредните компании во светот. Во претпазарното тргување во четвртокот тие изгубиле повеќе од 10 проценти од вредноста. Акциите и претходно бележеа пад од околу 25 проценти во однос на историскиот максимум достигнат на почетокот на октомври.

Заминувањето на Хуанг, кој беше една од најпрепознатливите личности зад глобалниот бум на вештачката интелигенција, доаѓа во чувствителен период за технолошкиот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…