Објавено на:

Џонсон до украинските пратеници: Украина ќе ја победи Русија и пак ќе биде слободна

t

Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во своето обраќање во украинскиот Парламент преку видео врска.

Британскиот премиер, кој најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра за Украина, вклучувајќи опрема за електронско војување и противбатериски радарски систем, истакна дека Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина.

– Имам порака за вас денеска: Украина ќе победи, Украина ќе биде слободна, нагласи Џонсон.

Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија.

– Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна на неподвижниот објект на украинскиот патриотизам и љубовта кон земјата, порача Џонсон. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Загрижениот Запад им праќа на украинските…

Малку е веројатно дека на Запад се…

Бугарија за половина година ѝ дала на…

Софија му предаде на Киев оружје во…

Обединетите нации загрижени за кршење на човековите…

Структурите за човекови права на ОН регистрираат…

Јотова стана миротворец: Се залага за преговори…

Бугарскaта потпретседателка Илијана Јотова се залага за…

Украински дрон експлодираше на 250 километри од…

Во областа Тула во Русија, недалеку од…