Џонсон за одлуката на Путин:  Ова е мрачно навестување за тоа што следува

t

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека одлуката на Путин е флагрантно прекршување на меѓународното право, како и на суверенитетот и интегритетот на Украина.   На прес-конференцијата што ја одржа за укинувањето на мерките против коронавирусот, британскиот премиер Борис Џонсон беше прашан од новинарите за признавањето на Доњецк и Луганск како независни држави од страна на Путин.

„Тоа е флагрантно кршење на меѓународното право и на суверенитетот и интегритетот на Украина. Тоа е отфрлање на договорот од Минск и многу мрачно навестување за она што следува“, рече Џонсон.

На самиот крај на денешното ТВ-обраќање, кое траеше повеќе од 40 минути, рускиот претседател Владимир Путин пред камерите потпиша одлука за признавање на Доњецк и Луганск како независни држави и рече дека тоа требало да го стори многу порано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…