Џонсон за одлуката на Путин: Ова е мрачно навестување за тоа што следува
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека одлуката на Путин е флагрантно прекршување на меѓународното право, како и на суверенитетот и интегритетот на Украина. На прес-конференцијата што ја одржа за укинувањето на мерките против коронавирусот, британскиот премиер Борис Џонсон беше прашан од новинарите за признавањето на Доњецк и Луганск како независни држави од страна на Путин.
„Тоа е флагрантно кршење на меѓународното право и на суверенитетот и интегритетот на Украина. Тоа е отфрлање на договорот од Минск и многу мрачно навестување за она што следува“, рече Џонсон.
На самиот крај на денешното ТВ-обраќање, кое траеше повеќе од 40 минути, рускиот претседател Владимир Путин пред камерите потпиша одлука за признавање на Доњецк и Луганск како независни држави и рече дека тоа требало да го стори многу порано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…