Објавено на:

Абазовиќ на чекор поблиску до премиерската функција: Доставен предлог составот на неговата Влада во црногорскиот парламент

t

Мандатарот за состав на новата Влада на Црна Гора, Дритан Абазовиќ го даде својот предлог за формирање на владата. На 28 април црногорскиот Парламент треба да се изјасни за неговите предлози. Новата Влада, според предлогот на Абазовиќ, треба да има 18 министерства, четири потпретседатели и два министри без ресор, јави РТЦГ.

Оваа Влада треба да ја сочинуваат Граѓанското движење УРА на Абазовиќ, просрпската Социјалистичка партија, Социјалдемократската партија и националните партии на Албанците, Бошњаците и Хрватите.

Црногорското собрание има 81 пратеник.

Партиите кои треба да ја формираат владата имаат вкупно 16 пратеници во Собранието, а ќе имаат парламентарна поддршка од 30 пратеници на Демократската партија на социјалистите на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, која нема да има претставници во новата Влада.

Долги три месеци Црна Гора бира нова Влада откако на 4 февруари Собранието и изгласа недоверба на Владата на премиерот Здравко Кривокапиќ. Три дена подоцна му беше изгласана недоверба и на претседателот на Собранието Алекса Бечиќ.

Абазовиќ за вицепремиери ги предложи Јована Маровиќ, извршна директорка на невладината мрежа Политикон, Владимир Јоковиќ, лидер на просрпската Социјалистичка народна партија (СНП), поранешниот министер за внатрешни работи и финансии Рашко Коњевиќ и поранешниот потпретседател на црногорскиот парламент Ервин Ибрахимовиќ.

Абазовиќ го предложи поранешниот долгогодишен претседател на парламентот Ранко Кривокапиќ, лидер на Социјалдемократската партија (СДП) од 2002 до 2017 година, за министер за надворешни работи.

Со Министерството за правда ќе раководи адвокатот Марко Ковач, додека со Министерството за внатрешни работи Филип Аџиќ, поранешен советник на вицепремиерот за внатрешна политика, безбедност, борба против корупција на високо ниво и организиран криминал.

За министер за финансии е предложен поранешниот вршител на должноста директор на Управата за приходи и царина, долгогодишен пратеник во Собранието на Црна Гора, Александар Дамјановиќ.

Заедно со Граѓанското движење УРА на Абазовиќ и малцинските партии, во владата ќе бидат и просрпската СНП и процрногорската СДП, а Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ најави дека ќе пружи поддршка на Владата во Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абазовиќ со порака до Србија и Косово:…

Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот…

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и…

Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…

Абазовиќ ја прифати поканата на Зеленски да…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја прифати поканата…

Абазовиќ најави посета на Србија на 29…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…