Абазовиќ: Со задоволство ќе бидам опозиција
Црногорскиот премиер во заминување, Дритан Абазовиќ, денеска најави дека доколку се формира нова влада, партијата што ја предводи ќе биде во опозиција.
-Доколку се формира нова влада, секако дека ќе бидам во опозиција. Одам таму со големо задоволство бидејќи луѓето треба да направат нешто што реално што јас не би сакал да го направам – рече Абазовиќ, лидер на движењето УРА, пренесе РТЦГ.
Абазовиќ додаде дека му е многу драго што неговото движење не е дел од „расправијата што се појави“.
-Нека формираат влада, но кога ќе заврши медениот месец, нека нема изненадувања. Кога ќе заврши медениот месец, што би рекле младите, ќе се земат пуканки и тогаш ќе почне приказната – рече Абазовиќ, одговарајќи на прашања од новинарите во Подгорица.
Тој посочи дека Црна Гора нема да има поинклузивна влада од неговата, додавајќи дека сега сите се застапени во неговата влада. Тој изјави дека нема да ја извршува функцијата пратеник се додека не се избере новата извршна власт, како и дека не може да поднесе оставка од премиерската функција бидејќи, како што рече, нема кој да го замени.
-Законот не предвидува вакво нешто и затоа што побрзо да се избере новата влада. Тоа е тоа. Некој треба да управува со државата – рече Абазовиќ.
Движењето „Европа сега“ предводено од Милојко Спајиќ синоќа одржа состанок, по кој беше соопштено дека постои апсолутна согласност меѓу членовите на партијата околу формирањето на 44-та влада.
Спајиќ ги информираше колегите пратеници од партијата како ќе изгледа новата Влада на Црна Гора, кој ќе ја сочинува и кои ќе бидат нејзините главни приоритети.
На средбата не беа поканети претставниците на ЦИВИС и Обединета Црна Гора, кои одделно преговараат со мандатарот.
Како што информира РТЦГ, во сегашната ситуација, дел од новата влада би можеле да бидат ПЕС, Демократска Црна Гора, партиите на малцинствата и СНП на Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Абазовиќ со порака до Србија и Косово:…
Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот…
Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и…
Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува…
Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…
Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…
Абазовиќ ја прифати поканата на Зеленски да…
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја прифати поканата…
Абазовиќ најави посета на Србија на 29…
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…